Откуп на сопствени акции од котирани друштва на 27.01.2005 година
петок, 28 јануари 2005
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме дека на 27.01.2005 година следните котирани друштва извршија откуп на сопствени акции: - Алкалоид АД Скопје изврши откуп на 20 сопствени обични акции, по цена од 2.011 денари за една акција, преку 1 трансакција.