Ве известуваме дека на ден 27.09.2024 година, Берзата изврши бришење на издавачот Стопанска Банка АД Битола од Листата за набљудување што се објавува на веб страница на Берзата, поради тоа што е завршена постапката за преземање на друштвото.
Издавачот Стопанска Банка АД Битола беше внесено на Листата на набљудување на 05.08.2024 година, согласно 61-а од Правилата за котација, поради објавена намера за преземање на друштвото, а до престанување на постоењето на предметните околности, односно завршување на постапката за преземање на друштвото.