Врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
На 26.09.2023 година Тетекс АД Тетово изврши откуп на 1.216 сопствени обични акции по цена од 3.080,00 денари за една акција, преку една системска блок трансакција.
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 26.09.2023 година е извршен следниот нетрговски трансфер на акции на котирани друштва:
- Стопанска банка АД Скопје - 230 приоритетни акции
- Цементарница УСЈЕ АД Скопје - 128 обични акции
- Алкалоид АД Скопје - 100 обични акции
- НЛБ Банка АД Скопје - 40 обични акции
- Комерцијална банка АД Скопје - 200 обични акции
- Македонски Телеком АД Скопје - 3.616 обични акции