Откуп на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва на 26.09.2005
вторник, 27 септември 2005
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме дека на 26.09.2005 година следниве котирани друштва извршија откуп на сопствени акции:
-РЖ Услуги АД Скопје изврши откуп на 753 сопствени обични акции по цена од 35 денари за една акција, преку 6 трансакции.
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 26.09.2005 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
-Гранит АД Скопје - 292 обични акции.