Откуп на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва
понеделник, 27 август 2007
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
На 24.08.2007 година Скопски Пазар АД Скопје изврши откуп на 34 сопствени обични акции по цена од 50.600 денари за една акција, преку 1 трансакција;
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 24.08.2007 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
-Инвестбанка АД Скопје – 9 обични акции,
-Инвестбанка АД Скопје – 10 приоритетни акции,
-Гранит АД Скопје – 268 обични акции.