Котација на три државни обврзници
вторник, 27 јуни 2006
На седницата одржана на 26.06.2006 година Одборот на директори на Македонската Берза донесе одлуки за котација на Континуираната државна обврзница бр.1 во 2006 година, Обврзниците за санација на Стопанска банка АД Скопје и на Обврзниците за надоместување на селективни кредити на НБРМ, издадени од Република Македонија.
Континуираната државна обврзница бр.1 во 2006 година е со следните карактеристики:
- Вид на хартијата од вредност: Континуирана државна обврзница бр.1 во 2006 година, издадена во дематеријализирана форма, гласи на име и е неограничено пренослива;
- Издавач: Република Македонија;
- Вкупен износ на емисијата: 250.010.000 денари;
- Номинална вредност на една обврзница: 10.000 денари;
- Број на издадени обврзници во емисијата: 25.001;
- Датум на издавање: 03.05.2006 година;
- Каматна стапка: 9% годишно. Каматата се пресметува од 03.05.2006 година;
- Рок на достасување на обврзниците: 03.05.2008 година;
-Начин на отплата: Каматата се исплатува еднаш годишно, на 03.05., во период од две години. Главнината пристигнува за исплата по истекот на две години од издавањето, односно на 03.05.2008 година;
-Почеток на тргување со обврзниците: 28.06.2006 година, на Официјалниот пазар на Македонската Берза;
-ИСИН: MKMINF20G028;
-Шифра за тргување на Берзата: ДО190508.
Обврзниците за санација на Стопанска банка АД Скопје се со следните карактеристики:
- Вид на хартијата од вредност: Обврзници за санација на Стопанска банка АД Скопје, издадени во дематеријализирана форма, кои гласат на име, во денари и се неограничено преносливи;
- Издавач: Република Македонија;
- Вкупен износ на емисијата: 1.302.586.675 денари;
- Номинална вредност на една обврзница: 1 денар;
- Број на издадени обврзници во емисијата: 1.302.586.675;
- Датум на издавање: 01.06.2006 година;
- Каматна стапка: во висина на есконтната стапка на НБРМ;
- Рок на достасување на обврзниците: 01.04.2010 година;
- Начин на отплата: Каматата се отплатува секој 1-ви во тековниот месец, за претходниот месец. Главнината се исплатува во четири еднакви годишни рати, на 01.04.;
- Почеток на тргување со обврзниците: 28.06.2006 година, на Официјалниот пазар на Македонската Берза;
- ИСИН: MKMINF200S20;
- Шифра за тргување на Берзата: РМСБ02.
Обврзниците за надоместување на селективни кредити на НБРМ се со следните карактеристики:
- Вид на хартијата од вредност: Обврзници за надоместување на селективни кредити на НБРМ, издадени во дематеријализирана форма, кои гласат на име, во денари и се неограничено преносливи;
- Издавач: Република Македонија;
- Вкупен износ на емисијата: 1.039.318.481 денари;
- Номинална вредност на една обврзница: 1 денар;
- Број на издадени обврзници во емисијата: 1.039.318.481;
- Датум на издавање: 01.06.2006 година;
- Каматна стапка: на номиналниот износ на Обврзниците за надоместување на селективни кредити на НБРМ не се пресметува камата;
- Рок на достасување на обврзниците: 01.04.2020 година;
- Начин на отплата: Главнината пристигнува за исплата одеднаш на денот на достасувањето на обврзницата, односно на 01.04.2020 година;
- Почеток на тргување со обврзниците: 28.06.2006 година, на Официјалниот пазар на Македонската Берза;
- ИСИН: MKMINF200K10;
- Шифра за тргување на Берзата: РМНБМ02.