Акциите на Агроплод АД Ресен и Аутомакедонија АД Скопје исклучени од котација
вторник, 27 јуни 2006
На седницата одржана на 26.06.2006 година Одборот на директори на Македонската Берза, на нивно барање, донесе одлуки за исклучување од котација на акциите издадени од Агроплод АД Ресен и на Аутомакедонија АД Скопје.
Акциите на овие друштва се исклучуваат од котација на Официјалниот пазар на Македонската берза на 28.06.2006 година. Од истиот датум со акциите на Агроплод АД Ресен и на Аутомакедонија АД Скопје ќе може да се тргува на Неофицијалниот пазар на Македонската берза.