Технометал-Вардар АД Скопје: ревизија за 2004, неревидиран БУ 01.01.-31.03.2004 и одлуки од Собрание на акционери
петок, 27 мај 2005
Технометал-Вардар АД Скопје ги достави извештај за 2004 година и неревидираниот биланс на успех за периодот 01.01.-31.03.2005 година. Извештајот и билансот може да се најдат на интернет страницата на Македонската Берза, во делот Друштва и пазари.
Воедно, Технометал-Вардар АД Скопје известува за донесените одлуки на Собранието на акционери:
- Одлука за измена на Статутот на “Технометал-Вардар” извоз-увоз АД Скопје, со која Статутот на "Технометал-Вардар"АД е усогласен со Законот за Трговски Друштва
- Одлука за усвојување на Годишната сметка на “Технометал-Вардар” извоз-увоз АД Скопје , за 2004 година: (Ревидиран финансиски извештај)
- Одлука за употреба на остварената чиста добивка по Годишната сметка за 2004 година;
- Одлука за усвојување Извештајот на Управниот одбор за работата на Друштвото во 2004 година;
- Одлука за одобрување работата на Управниот одбор на Друштвото во 2004 година;
- Одлука за одобрување работата на Надзорниот одбор на Друштвото во 2004 година;
- Одлука за разрешување на членовите на Надзорниот одбор на Друштвото;
- Одлука за избор на членови на Надзорниот одбор на Друштвото:
- ЈОВАН ЈОАНИДИС-Председател
-НИКОЛА КАЦАРСКИ-Независен член
-БОРИС ГРОЗДАНОВ-Независен член
-АЛЕКСАНДАР РАДЕВСКИ
-ГОЦЕ МАЛЕЗАНОВ
- Одлука за назначување овластен ревизор за ревизија на Годишната сметка и финансиските извештаи за 2005 година. За овластен ревизор на Друштвото повторно е назначена Ревизорската куќа за ревизија, проценка и финансиски консалтинг "Б и Љ, БОРО И ЉУПЧО" ДОО - Скопје.