Известување од Скопски пазар АД Скопје
петок, 27 мај 2005
Скопски пазар АД Скопје ги достави Одлуката за исплата на дивиденда за 2004 година и Одлуката за усвојување на годишната сметка за 2004 година, донесени од Управниот одбор на Друштвото и кои ќе бидат поднесени на усвојување на редовното годишно Собрание кое ќе се одржи на 11.06.2005 година. Во Одлуката за исплата на дивиденда за 2004 година е наведено дека предложената дивиденда за 2004 година изнесува 160,00 денари по акција, односно 5% од номиналната вредност. - Последен ден на тргување со право на дивиденда за 2004 година е 27.06.2005 година; - Прв ден на тргување без право на дивиденда за 2004 година е 28.06.2005 година; - Дата на стекнување на право на дивиденда за 2005 година е 01.07.2005 година; - Дивидендата ке се исплати во законски пропишаниот рок , односно до 30.09.2005 година. Во Одлуката за усвојување на годишната сметка за 2004 година е наведено дека се усвојуваат следните резултати од работењето: 1.Резултати искажани во билансот на состојба за 31.12.2004 година: -Вкупно актива 1.173.833.020,00 -Вкупно пасива 1.173.833.020,00 2.Резултати искажани во билансот на успех -Вкупен приход 1.175.368.770,00 -Вкупен расход 1.066.025.504,00 -Добивка пред оданочување 109.343.266,00 -Данок од добивка 3.515.066,00 -Добивка по оданочување 105.828.200,00 Нето добивката во износ од 105.828.200,00 денари се распоредува на следниот начин: 1.За дивиденда на акционерите 19.000.000,00 2.Резерви за откуп на сопствени акции 45.000.000,00 3.Резервен фонд за посебни намени 5.000.000,00 4.Учество на вработените и менаџмент. 7.000.000,00 5.Нераспоредена добивка 29.828.200,00 ______________ Вкупно: 105.828.200,00 Се одобрува средствата предвидени за откуп на сопствени акции во износ од 45.000.000,00 денари, како и неискористените издвоени средства во изминатите години во износ од 5.057.517,00 денари, да се реализираат за откуп на најмногу 10 % од вкупниот број на обични акции. Откупот да се изврши во постапка предвидена со Статутот и Законот за трговски друштва по цена што ке се постигне на Македонската берза. Рокот во кој акциите треба да бидат откупени е 12 месеци од денот на донесување на оваа Одлука.