Известување од Реплек АД Скопје
петок, 27 мај 2005
Реплек АД известува дека на Седницата на Собранието одржана на ден 10.05.2005 година усвоен е извештајот за работење на овластениот ревизор на годишната сметка и усвоен е извештајот на Надзорниот одбор на Реплек АД.
Собранието на Реплек АД Скопје ја потврди предлог олуката на Управниот одбор за распределба на добивката во годишната сметка на Реплек АД за 2004 година и го прифати предлогот за исплата на дивиденда во износ од 500,00 денари по акција.
Собранието именува и ревизор на годишната сметка на Реплек АД за 2005 година и за групацијата на Реплек.
Собранието донесе одлука за измена и дополнување на Статутот на Реплек АД Скопје согласно Законот за трговски друштва, одлуки за разрешување на постојните членови на Управниот одбор и на Надзорниот одбор и избор на членови на нов Надзорен одбор на Реплек АД. Согласно направените измени во Статутот на Друштвото по З.Т.Д.