Ревидиран извештај за 2003 година на Технометал-Вардар АД Скопје
четврток, 27 мај 2004
Технометал-Вардар АД Скопје до Македонската Берза го достави ревидираниот финансиски извештај за 2003 година, како и Извештајот за остварените деловни резултати во 2003 година. Друштвото за 2003 година остварило добивка во износ од 768.000 денари. Вкупната актива на Технометал-Вардар АД Скопје на 31.12.2003 година изнесува 1.212.105.000 денари, додека вкупните обврски изнесуваат 582.078.000 денари.
Доставениот ревидиран финансиски извештај и Извештајот за остварените деловни резултати во 2003 година на Технометал-Вардар АД Скопје може да се најде на веб-страницата на Македонската Берза, во делот Друштва и пазари.