Ревидиран извештај за 2003 година на Реплек АД Скопје
четврток, 27 мај 2004
Реплек АД Скопје до Македонската Берза го достави ревидираниот финансиски извештај за 2003 година. Друштвото за 2003 година остварило добивка во износ од 511.000 денари. Вкупната актива на Реплек АД Скопје на 31.12.2003 година изнесува 1.155.006.000 денари, додека вкупните обврски изнесуваат 229.627.000 денари. Доставениот ревидиран финансиски извештај на Реплек АД Скопје може да се најде на веб-страницата на Македонската Берза, во делот Друштва и пазари.