Ревидиран извештај на Макошпед АД Скопје
четврток, 27 мај 2004
Макошпед АД Скопје до Македонската Берза го достави ревидираниот финансиски извештај за 2003 година. Друштвото за 2003 година остварило добивка во износ од 11.736.000 денари. Вкупната актива на Макошпед АД Скопје на 31.12.2003 година изнесува 466.676.000 денари, додека вкупните обврски изнесуваат 55.015.000 денари.
Доставениот ревидиран финансиски извештај на Макошпед АД Скопје може да се најде на веб-страницата на Македонската Берза, во делот Друштва и пазари.