АДГ Маврово Скопје
вторник, 27 мај 2003
1.Добивката по Годишна сметка за 2002 година се распоредува за покривање на загубите од претходните години (1995, 1996 и 1997 година) и од тие причини не се дели дивиденда за 2002 година.
2.Поради именување на јавна функција-Директор на Фонд за здравствено осигурување, на негово барање разрешен е досегашниот надворешен член на Надзорен одбор Рубин Заревски.
3.Именуван е нов член на Надзорен одбор-правно лице, Комерцијална Банка АД Скопје.
4.Поради обврски на друга функција, на негово барање разрешен е досегашниот член на Управен одбор Ѓорѓи Гошев.
5.Од страна на Надзорниот одбор именуван е нов член, Петкоски Љубе.