Известување од Макпетрол АД Скопје
вторник, 27 април 2004
Макпетрол АД Скопје известува дека Управниот одбор на Друштвото, на седницата одржана на 19.04.2004 година донел одлука за продажба на сопствени акции со следните елементи:
• Се одобрува продажба на 1.955 сопствени акции што беа откупени по просечна цена од 10.226 денари согласно Одлуката за купување на сопствени акции донесена на Собранието на Макпетрол АД Скопје на 24.05.2003 година;
• Продажната цена на сопствените акции е определена во висина од 12.300 денари;
Сопствените акции се продадени по назначената цена со блок трансакција извршена преку Македонската Берза на 21.04.2004 година. Продажбата е извршена пред истекот на законски пропишаниот рок за продажба на сопствени акции од една година.
На 25.04.2004 година се одржа Собрание на Макпетрол АД Скопје со дневен ред кој беше објавен во Повикот за одржување на Собрание.
Собранието ги усвои следните предложени одлуки:
• Одлука за усвојување на Годишниот извештај за работењето на Друштвото во 2003 година;
• Одлука за усвојување на Извештајот од Надзорниот одбор за резултатите од контролата над управувањето и раководењето на Друштвото;
• Одлука за усвојување на Годишната сметка за 2003 година со следните износи:
o Вкупни приходи 16.268.408.331 денари
o Вкупни расходи 15.836.197.887 денари
o Бруто добивка 432.210.444 денари
o Данок на добивка 20.507.839 денари,
o Нето добивка 411.702.605 денари.
• Одлука за усвојување на работењето на органите на управување на Друштвото;
• Одлука за распоредување по Годишната сметка за 2003 година со која што се распоредуваат тековната добивка, акумулираната добивка и задолжителната општа резерва од минати години за следниве намени:
o Задолжителна општа резерва 61.755.391 денари,
o Покривање на загуба од минати години 210.221.649 денари,
o Дивиденда 3% 106.088.608 денари,
o Посебни резерви за купување на сопствени акции 80.000.000 денари,
o Награда на вработените 32.035.753 денари,
o Учество во добивката на членовите на УО 3.000.000 денари.
• Одлука за утврдување на дивиденден календар, со која што:
o За последен ден на тргување со право на дивиденда се утврдува 17.06.2004 година;
o За прв ден на тргување без право на дивиденда се утврдува 21.06.2004 година;
o Исплатата на дивиденда во износ заокружен на 944 денари по акција, со примена на среден курс од 61,3 денари за 1 евро, сметан на номиналната вредност на акцијата од 511,29 евра, ќе се изврши до 30.09.2004 година.
• Одлука за купување на сопствени акции, со која се одобрува купување на максимум 10.600 сопствени акции во износ од 80.000.000 денари, по најниска цена од 6.000 денари, а највисока цена од 31.350 денари.
• Одлука за именување на Grant Thornton за ревизор на годишните сметки на Макпетрол АД Скопје за 2004 година.
• Одлука за одобрување на средстав за позајмици на вработените во Макпетрол АД Скопје, со која се овластува Управниот одбор на Друштвото да ги утврди висината, роковите и критериумите за доделување и користење на позајмиците од вработените на Макпетрол АД Скопје.