Глобална недела на пари
среда, 27 март 2019

На 25 март оваа година, започна одбележувањето на Глобалната недела на парите. Традиционално, како и во изминатите години, се одржуваат бројни активности од сферата на финансиите со цел зголемување на финансиската писменост на децата и младите.
 
Целта на Глобалната недела на пари е да ги поттикне младите да инвестираат во својата иднина, истакнувајќи ја важноста на раната финансиска едукација, со што ќе им помогне да станат свесни за своите финансиски права, ќе им ја олесни пристапноста до финансиските услуги и ќе ги развие нивните финансиски вештини. 
 
Македонската берза и оваа година е дел од Глобалната недела на парите, преку едукативно предавање за улогата на Берзата и начинот на кој се тргува со хартии од вредност на македонскиот пазар на капитал, на кое присуствуваа учениците од ОУ „Страшо Пинџур“ с. Соколарци Кочани. 
 
Повеќе информации за Глобалната недела на парите https://www.globalmoneyweek.org/