Oткуп на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва на 26.03.2007
вторник, 27 март 2007
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното: На 26.03.2007 година Скопски Пазар АД Скопје изврши откуп на 7 сопствени обични акции по цена од 18.043 денари за една акција, преку 3 трансакции; На 26.03.2007 година Македонијатурист АД Скопје изврши откуп на 165 сопствени обични акции по цена од 5.200 денари за една акција, преку 1 трансакција; Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 26.03.2007 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство): - Алкалоид АД Скопје – 141 обични акции, - Бетон АД Скопје – 11 обични акции, - Гранит АД Скопје – 1.871 обични акции, - АДГ Маврово Скопје – 37 обични акции.