Откуп на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва на 26.02.2007
вторник, 27 февруари 2007
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
На 26.02.2007 година Гранит АД Скопје изврши откуп на 198 сопствени обични акции по цена од 949 денари за една акција, преку 1 трансакција;
На 26.02.2007 година Гранит АД Скопје изврши откуп на 1.671 сопствени обични акции по цена од 950 денари за една акција, преку 7 трансакции;
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 26.02.2007 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
- Тетекс АД Тетово – 74 обични акции,
- Гранит АД Скопје – 158 обични акции.