Котација на Континуирана државна обврзница бр.3 во 2006 година
вторник, 27 февруари 2007
На седницата одржана на 26.02.2007 година Одборот на директори на Македонската Берза донесе одлука за котација на Континуираната државна обврзница бр.3 во 2006 година.
Континуираната државна обврзница бр.3 во 2006 година е со следните карактеристики:
- Вид на хартијата од вредност: Континуирана државна обврзница бр.3 во 2006 година, издадена во дематеријализирана форма, гласи на име и е неограничено пренослива;
- Издавач: Република Македонија;
- Вкупен износ на емисијата: 290.800.000 денари;
- Номинална вредност на една обврзница: 10.000 денари;
- Број на издадени обврзници во емисијата: 29.080;
- Датум на издавање: 27.11.2006 година;
- Каматна стапка: 9% годишно. Каматата се пресметува од 27.11.2006 година;
- Рок на достасување на обврзниците: 27.11.2009 година;
- Начин на отплата: Каматата се исплатува еднаш годишно, на 27.11., во период од три години. Главнината пристигнува за исплата по истекот на три години од издавањето, односно на 27.11.2009 година;
- Почеток на тргување со обврзниците: 01.03.2007 година, на Официјалниот пазар на Македонската берза;
- ИСИН: MKMINF20G044;
- Шифра за тргување на Берзата: ДО191109.