Привремено запрено тргувањето со акциите на Благој Ѓорев АД Велес
петок, 27 февруари 2004
Врз основа на Решение на Основниот суд Велес И.бр.620/04 од 27.02.2004 година, привремено се запира тргувањето со акциите издадени од Прехранбена индустрија Благој Ѓорев АД Велес.
На 27.02.2004 година Основниот суд Велес донел Решение со кое се забранува на Македонската Берза за долгорочни хартии од вредност АД Скопје и на Прехранбена индустрија Благој Ѓорев АД Велес да тргуваат, продаваат или да вршат било каков друг вид на пренос на хартии од вредност – акции издадени од Прехранбена индустрија Благој Ѓорев АД Велес. Исто така, се забранува на Централниот депозитар на хартии од вредност АД Скопје да врши промена на имателите – сопствениците на акции издадени од Прехранбена индустрија Благој Ѓорев АД Велес. Оваа привремена мерка ќе важи до правосилно завршување на постапката по донесено Решение П.Трег.бр.85/04 и П.Трег.бр.91/04 од 16.02.2004 година, од Регистрскиот суд на Основен суд Скопје 1 Скопје, односно се додека не биде укината или изменета со друга одлука на судот.