Известување од Комерцијална банка АД Скопје
петок, 27 февруари 2004
Комерцијална банка АД Скопје известува за следното:
• Собранието на акционери на Комерцијална банка АД Скопје ќе се одржи на 24.03.2004 година;
• Управниот одбор на Комерцијална банка АД Скопје му предлага на Собранието на Банката износот на дивиденда за 2003 година на една приоритетна акција да изнесува 108,00 денари, односно 10,8% од номиналната вредност, а износот на дивиденда за една обична акција да изнесува 375,00 денари, односно 7,5% од номиналната вредност;
• Дивиденден календар на Комерцијална банка АД Скопје:
o Последен ден на тргување со право на дивиденда за 2003 година е 06.04.2004 година;
o Прв ден на тргување без право на дивиденда за 2003 година е 07.04.2004 година;
o Датум на стекнување на право на дивиденда за 2003 година е 09.04.2004 година;
o Исплатата на дивиденда за 2003 година ќе започне на 19.04.2004 година.