Одборот на директори на Берзата донесе одлука за котација на Дваесет и третата емисија на државни обврзници за денационализација на Официјалниот пазар на Македонската берза со прв датум на тргување 30.12.2023 година.
Дваесет и третата емисија на обврзници за денационализација е со следните карактеристики:
- Вид на хартијата од вредност: Дваесет и трета емисија на обврзници за денационализација, издадена во дематеријализирана форма, гласи на име и е неограничено пренослива;
- Издавач: Република Северна Македонија;
- Вкупен износ на емисијата: 1.500.000 евра;
- Номинална вредност на една обврзница: 1,00 евро;
- Број на издадени обврзници во емисијата: 1.500.000;
- Датум на издавање: 26.12.2024 година;
- Каматна стапка: 2% годишно, на остатокот на расположивата главнина за отплата. Каматата се пресметува од 26.12.2024 година;
- Рок на достасување на обврзниците: 01.06.2034 година;
- Начин на отплата: Каматата и главнината се исплатува еднаш годишно, на 01.06., во период од 10 години, започнувајќи од 01.06.2025 година;
- Почеток на тргување со обврзниците: 30.12.2024 година, на Официјалниот пазар на Македонската берза;
- ИСИН: MKMINF200DN1;
- Шифра за тргување на Берзата: RMDEN23;
Котација на Дваесет и третата емисија на обврзници за денационализација
петок, 27 декември 2024