Откуп на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва
четврток, 27 декември 2007
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
На 26.12.2007 година Скопски Пазар АД Скопје изврши откуп на 187 сопствени обични акции по цена од 50.000 денари за една акција, преку 14 трансакции;
На 26.12.2007 година Македонијатурист АД Скопје изврши откуп на 60 сопствени обични акции по цена од 7.900 денари за една акција, преку 1 трансакција;
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 26.12.2007 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
-Макстил АД Скопје – 526 oбични акции;
-РЖ Економика АД Скопје – 323 обични акции;
-РЖ Услуги АД Скопје – 193 обични акции;
-Гранит АД Скопје – 262 обични акции;
-Бетон АД Скопје – 10 обични акции;
-Макотекс АД Скопје – 60 обични акции;
-Алкалоид АД Скопје – 42 обични акции;
-РЖ Институт АД Скопје – 6 обични акции;
-РЖ Интер-Трансшпед АД Скопје – 24 обични акции.