Јавна опомена за Охис АД Скопје
четврток, 27 декември 2007
На седницата одржана на 24.12.2007 година Одборот на директори на Македонската берза донесе одлука за изрекување на мерката јавна опомена на котираното друштво ОХИС АД Скопје. Мерката се изрекува заради неисполнување на одредбите од точка 6.09. подточка 2 од Правилата за котација со која котираните друштва се обврзани да да достават до Берзата, односно да ги објавуваат во јавноста тримесечните, шестмесечните и деветмесечните кумулативни, неревидирани Биланси на успех.
Објавувањето на финансиските извештаи на друштвото претсатавува една од основните обврски кои произлегуваат од котацијата на друштвата на Официјалниот пазар на Берзата и истото влијае на донесувањето на инвеститорските одлуки и на цената на акциите на друштвото на Берзата.
Доколку Охис АД Скопје и во следниот извештаен период не ги објави навремено финансиските извештаи согласно Правилата за котација, Македонската Берза ќе ги исклучи од котација акциите издадени од ОХИС АД Скопје.