Одборот на директори на Македонската берза на седницата одржана на 27.11.2019 година донесе одлука за исклучување од котација на акциите издадени од Технометал Вардар АД Скопје, поради стечај на друштвото.
Акциите издадени од Технометал Вардар АД Скопје ќе бидат исклучени од котација на Официјалниот пазар на Берзата (Берзанска котација), почнувајќи од 28.11.2019 година (Четврток).