Известување од Технометал-Вардар АД Скопје
четврток, 27 ноември 2003
Технометал-Вардар АД Скопје информира за поважни настани во работењето на друштвото во текот на 2003 година:
• Добиен тендер за поплочување на плоштадот “Македонија“, тендер со Макдонски железници, аранжман за извоз на вино на пазарот во Германија и други земји во Западна Европа;
• Во тек е програма за намалување на бројот на вработените, рационализација на деловниот простор, што влијае на намалување на расходите во однос на минатата година;
• Во првите девет месеци од годината се остварени значително поголеми приходи во однос на истиот период лани, со што е остварена бруто-добивка од 2,2 милиони денари, во однос на истиот период лани, кога друштвото имаше загуба од над 50 милиони денари;
• Во првите девет месеци од 2003 година преземени се неколку покрупни инвестиции во објектите на друштвото, како што се: Дисконтен центар Маџари, Пазарот на големо, паркингот Скопјанка и др.