Известување од РЖ Институт АД Скопје
четврток, 27 ноември 2003
РЖ Институт АД Скопје информира за поважни настани во работењето на друштвото во текот на 2003 година:
• Зголемена реализација од 18.693.162 ден. во 2002 на 71.389.079 ден. во 2003, по основ на испорака на железна коварина на Силмак АД Јегуновце;
• Одобрен кредит од страна на Министерството за финансии во износ од 17.200.000 јени (околу 120.000 ЕУР). Кредитот е од Јапонската непроектна помош на РМ. Средствата се наменети за набавка на опрема за производство на Ал-блокови за потребите на Макстил АД и други корисници во РМ, со кои се склучени преддоговори за испорака;
• Враќањето на кредитот од ИК Банка во износ од 25.000 ЕУР е продолжено за 1 година;
• Се водат преговори со Репро Оне Лимитед (компанија која во текот на септември купи 126 акции од РЖ Институт АД Скопје) за реактивирање на печка за производство на разни феролегури за потребите на Макстил АД и други компании од РМ. Реализацијата би отпочнала во текот на 2004 година;
• Во текот на изминатите 9 месеци се преземени инвестициони активности во износ од 801.600 ден, а планираните инвестициони активности за ноември и декември се во износ од над 300.000 ЕУР;
• Воведен е нов производ “печен доломит“;
• Извршени се промени во Одборот на Директори: Одборот го напуштија Иво Цветковски и Ане Апостоловски, а нови членови се Александар Панов (избран за Претседател на Одборот) и Снежана Силјановска.