Ве известуваме дека на ден 27.10.2025 година, Берзата изврши бришење на издавачот Стопанска Банка АД Битола од Листата за набљудување што се објавува на веб страница на Берзата, поради тоа што постапката за преземање на друштвото е завршена.
Издавачот Стопанска Банка АД Битола беше внесен на Листата на набљудување на 21.05.2025 година, согласно член 61-а од Правилата за котација, поради објавена намера за преземање на друштвото.