СЕЕ Линк ДОО Скопје објави Општо известување за набавка
понеделник, 27 октомври 2014

 

Друштвото СЕЕ Линк ДОО Скопје, основано од Бугарската, Македонската и Загрепската берза објави, Општо известување за набавка.

Проектот СЕЕ Линк е поддржан од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) која обезбеди грант за финансирање на електронски систем за пренасочување на налози. Општото известување за набавка е дел од процедурата со која ќе се овозможи користење на средствата од грантот и нивно вложување во ИТ платформата. Тендерскиот процес се очекува да започне во текот на последниот квартал од 2014 година.

До Општото известување за набавка може да се пристапи преку следните линкови:
www.see-link.org и http://www.ebrd.com/english/pages/workingwithus/procurement/notices/csu/20141008a.shtml

Надзорниот комитет на проектот СЕЕ Линк имаше средба минатата недела во Скопје на која се разгледуваше реализацијата на проектот. На состанокот беше договорено  до крајот на оваа година проектот да им се претстави на членките на трите берзи – учеснички во проектот во форма на роуд шоуа коишто ќе ги опфатат сите национални пазари на хартии од вредност.

СЕЕ Линк е заедничко друштво со седиште во Скопје основана во мај 2014 година од страна на Бугарската, Македонската и Загрепската берза, со цел креирање на регионална инфраструктура за тргување со хартии од вредност котирани на овие три пазари. Трите берзи имаат подеднакво сопственичко учество во заедничкото друштво.