Откуп и продажба на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва на 26.10.2004 година
среда, 27 октомври 2004
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
На 26.10.2004 година следните котирани друштва извршија откуп на сопствени акции:
- Гранит АД Скопје изврши откуп на 1.068 сопствени обични акции, по цена од 90 денари за една акција, преку 5 трансакции.
На 26.10.2004 година следните котирани друштва извршија продажба на сопствени акции:
- Тетекс АД Тетово изврши продажба на 4.082 сопствени обични акции, по цена од 310 денари за една акција, преку 18 трансакции;
- Охридска банка АД Охрид, преку една блок трансакција, изврши продажба на 11.490 сопствени обични акции, што претставува 4,51% од основната главнина, по цена од 1.855 денари за една акција, при што вкупната вредност на трансакцијата изнесува 21.313.950 денари.
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 26.10.2004 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
- Фабрика Карпош АД Скопје – 104 обични акции.