Известување од Комисијата за хартии од вредност
среда, 27 октомври 2004
Комисијата за хартии од вредност, постапувајќи по член 16 од Правилникот за содржината и начинот на водење Регистар на акционерски друштва, на ден 25.10.2004 година изврши бришење на три друштва од Регистарот и запиша едно ново друштво во Регистарот, со што вкупниот број на акционерски друштва кои се водат во Регистарот изнесува 181.
Од Регистарот на акционерски друштва, поради неипсолнување на критериумите од член 55б, односно 55д од Законот за хартии од вредност, избришани се следните друштва:
- КИД Леарница АД Охрид;
- Абразивна индустрија Иднина АД Скопје и
- Нова Трговија 2003 АД Штип.
Во Регистарот на акционерски друштва, согласно член 55 б од Законот за хартии од вредност запишано е следното акционерско друштво:
- ИЦН-Фарм АД Скопје.