Врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
На 25.09.2019 година Витаминка АД Прилеп изврши откуп на 100 сопствени обични акции по цена од 11.940,00 денари за една акција, преку две трансакции.
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 25.09.2019 година е извршен следниот нетрговски трансфер на акции на котирани друштва:
- ОИЛКО КДА Скопје – 2.470 обични акции
- Тетекс АД Тетово – 400 обични акции
- Комерцијална Банка АД Скопје – 385 обични акции
- Макпетрол АД Скопје – 72 обични акции
- Алкалоид АД Скопје – 123 обични акции