ОТКУП НА СОПСТВЕНИ АКЦИИ И НЕТРГОВСКИ ТРАНСФЕР НА АКЦИИ НА КОТИРАНИ ДРУШТВА
четврток, 26 септември 2013
Врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
На 25.09.2013 година Витаминка АД Прилеп изврши откуп на:
-40 сопствени обични акции по цена од 5.000,00 денари за една акција, преку 1 трансакција.
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 25.09.2013 година е извршен следниот нетрговски трансфер на акции на котирани друштва:
- Дебарски Бањи АД Дебар –30 обични акции
- Стопанска Банка АД Скопје –150 обична акција
- ОХИС АД Скопје –99 обични акции
- Трикотажа Пелистер АД Битола –133 обични акции
- Охридска Банка АД Охрид –25 обична акција
- Топлификација АД Скопје –15 обични акции