Македонската берза АД Скопје jа известува јавноста дека поради нефункционалност на телекомуникациските врски помеѓу Македонска берза АД Скопје и членките на Берзата на 26.07.2022 година во 11:03:53 часот дојде до запирање на тргувањето со хартии од вредност.
По отстранувањето на нефункционалноста на телекомуникациските врски тргувањето на Берзата продолжи почнувајќи од 12:00 часот.