Согласно Одлуката на Одборот на директори на Берзата бр.02-963/1 од 19.06.2019 година за постапување по Решението на Комисијата за хартии од вредност бр.УП1 08-25 од 17.05.2019 година, беа извршени измени и дополнувања на Правилата за тргување на Македонска берза кои ќе се применуваат почнувајќи од 28.06.2019 година (петок).
Измените се однесуваат на одредбите од Правилата во однос на: начинот на реализација на налогот по најповолна цена; воведување на нов вид на ознака при тргување на друштвата за управување со инвестициски фондови кои управуваат со портфолио на индивидуален клиент; измена во одредбите за отстранување и повторно воспоставување на ценовните ограничувања (статички лимити); измени во делот на дозволените отстапувања на цената на пријавената администраторска блок трансакција; измена на минималниот износ на вредност на системска блок трансакција.
Пречистениот текст на Правилата за тргување може да се најде на интернет страницата на Берзата, во делот Регулатива/Правила за тргување.