Откуп на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва на 23.06.2006
понеделник, 26 јуни 2006
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
На 23.06.2006 година РЖ Услуги АД Скопје изврши откуп на 982 сопствени обични акции по цена од 40 денари за една акција, преку 6 трансакции;
На 23.06.2006 година Македонијатурист АД Скопје изврши откуп на 100 сопствени обични акции по цена од 2.401 денари за една акција, преку 1 трансакција;
На 23.06.2006 година Макпетрол АД Скопје изврши откуп на:
- 39 сопствени обични акции по цена од 27.200 денари за една акција, преку 3 трансакции;
- 20 сопствени обични акции по цена од 27.750 денари за една акција, преку 1 трансакција;
- 13 сопствени обични акции по цена од 27.900 денари за една акција, преку 1 трансакција;
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 23.06.2006 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
-Факом АД Скопје –66 обични акции,
-Охридска банка АД Охрид – 135 обични акции.