На 12-та годишна конференција на Македонската берза по четврти пат беше доделена наградата ‘Кристално ѕвоно’ за најтранспарентно котирано друштво.
Изборната комисија во состав Мира Шекутковска, Кирил Нејков, Мирче Јовановски, Даниела Михајловска, Марија Ѓеорѓиевска, Ѕвонко Станковски, Наташа Хаџи Спиркова Стефановска, Иван Штериев и Илчо Лазарески, изготви критериуми за избор со кои се покриваат сите важни сегменти на транспрентноста во работењето на друштвата. Како критериуми за бодување едногласно беа усвоени следниве:
1. Квалитетот на комуникацијата со Берзата и квалитет и квантитет на објавените објави преку СЕИ-Нет;
2. Гoдишниот извештај на друштвото за 2009 година (кој е објавен во текот на 2010 година);
3. Квалитет и објавени информации на интернет страницата на друштвото;
4. Односи со финансиските посредници, институционалните инвеститори и другите инвеститори и
5. Односи со медиумите и пошироката јавност.

Имајќи го предвид наведеното, согласно бодувањето на секој член на изборната комисија за избор на најтранспарентно акционерско друштво котирано на Македонска берза АД Скопје, наградата за најтранспарентно котирано друштво на Македонска берза за 2010 година беше доделена на Комерцијална банка АД Скопје.