Oткуп на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва на 25.05.2006
петок, 26 мај 2006
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
На 25.05.2006 година РЖ Услуги АД Скопје изврши откуп на 880 сопствени обични акции по цена од 42 денари за една акција, преку 5 трансакции;
На 25.05.2006 година Реплек АД Скопје изврши откуп на 260 сопствени обични акции по цена од 25.000 денари за една акција, преку 1 блок трансакција;
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 25.05.2006 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
-Гранит АД Скопје – 96 обични акции,
-КИБ АД Куманово – 9 обични акции,
-Тутунски комбинат АД Прилеп – 132 обични акции,
-Агроплод АД Ресен – 2 обични акции,
-Жито Вардар АД Велес – 128 обични акции.