Прекин на тргувањето со обврзниците за денационализација од Прва и Втора емисија
среда, 26 мај 2004
Согласно Законот за издавање на обврзници на Република Македонија за денационализација (Службен весник на РМ бр.37/2002), исплатата на втората рата од Првата емисија на обврзниците за денационализација и првата рата од Втората емисија на обврзниците за денационализација, достасува за исплата на 1-ви Јуни 2004 година.
Имајќи го предвид член 92 од Законот за хартии од вредност, како и Правилата за тргување на Македонската берза АД Скопје, според кои порамнувањето на трансакциите со обврзниците се врши во период од три дена од денот на склучувањето на трансакцијата, на 27 и 31 Мај 2004 година привремено се прекинува тргувањето со обврзниците за денационализација од Прва и Втора емисија.