ПРЕКИН НА ТРГУВАЊЕ СО РМДЕН01 НА 28 И 29 МАЈ 2003 ГОДИНА
понеделник, 26 мај 2003
Се известуваат сите брокерски куќи-членки на Македонската берза АД Скопје, дека согласно информациите од Министерството за финансии на Република Македонија, на 28 и 29 Мај 2003 привремено се прекинува со тргувањето со обврзниците за денационализација (прва емисија) - РМДЕН01 издадени од Република Македонија. Имајќи го предвид член 92 од Законот за хартии од вредност, како и Правилата за тргување на Македонската берза АД Скопје, според кои порамнувањето на трансакциите со обврзниците се врши во период од три дена од денот на склучувањето на трансакцијата, на 28 и 29 Мај 2003 година привремено се прекинува тргувањето со обврзниците за денационализација (прва емисија).