Македонската берза го реализираше третото истражување на веб страниците на водечките акционерски друштва котирани на Македонската берза. Истражувањето е проект на Македонската берза, а неговата реализација ја поддржа Проектот за деловно опкружување во Македонија на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД).
Целта на истражувањето е да се утврди дали компаниите преку своите веб страници обезбедуваат податоци и информации од сферата на “Односи со инвеститори“, а во вториот дел од истражувањето се анализираат содржините на годишните извештаи и на веб страниците на друштвата од аспект на општествена одговорност на друштвата, односно дали компаниите објавуваат податоци од сферата на корпоративното управување, политиката за заштита на околината и социјалната политика.