Ве известуваме дека на 26.03.2021 година Одборот на директори на Берзата донесе заклучок за внесување на издавачот РЖ Институт АД Скопје на „Листата за набљудување“ што се објавува на веб страница на Берзата, согласно член 61-а од Правилата за котација.
Внесување на друштвото РЖ Институт АД Скопје на „Листата за набљудување“ е со цел за обрнување на внимание на инвеститорската јавност поради тоа што е поведена претходна постапка за испитување на условите за отварање на стечајна постапка над друштвото.