Суспендирање на брокер од тргување
петок, 26 март 2004
На 25.03.2004 година до Македонската Берза АД Скопје е доставено известување бр.03-051, со кое Берзата е информирана дека на седницата на Одборот на директори на Бро-Дил АД Скопје од 23.03.2004 година е донесено Решение бр. 02-042, со кое Захари Арсенков се суспендира од функцијата Извршен директор на Бро-Дил АД Скопје, му се одземаат сите овластувања за потпишување во име на Бро-Дил АД Скопје, му се забранува пристап до архивата и имотот на друштвото и му се забранува тргување со хартии од вредност во име на Бро-Дил АД Скопје.
Врз основа на горенаведеното, Извршниот директор на Македонската Берза АД Скопје донесе Одлука бр.02-446 од 25.03.2004 година за суспендирање од тргување на брокерот Захари Арсенков.