Известување од Тетовска банка АД Тетово
петок, 26 март 2004
Тетовска банка АД Тетово известува дека единаесеттата редовна седница на Собранието на акционери на Банката е закажано за 26.03.2004 година, во 12 часот.
Согласно Предлог-Одлуката за употреба и распоредување на остварената добивка по годишната сметка за 2003 година донесена на седницата на Управниот одбор на Банката одржана на 15.03.2003 година, предложениот износ на дивиденда за една акција (приоритетна и обична) изнесува 407,00 денари, односно 13,55% од нивната номинална вредност.
Управниот одбор на Банката предлага датумот за стекнување на дивиденда да биде 24.03.2004 година, а исплата на дивиденда за 2003 година ќе започне од 05.04.2004 година.