Известување од Алкалоид АД Скопје
петок, 26 март 2004
Алкалоид АД Скопје известува дека Управниот одбор на друштвото на 22.03.2004 година донел Одлука за свикување на редовна седница на Собранието на Друштвото.
Собранието на Алкалоид АД Скопје ќе се одржи на 19.04.2004 година, со следниот Дневен ред:
1. Разгледување на Извештај на Управниот одбор за работата на Друштвото;
2. Разгледување на Извештај од овластен ревизор;
3. Разгледување на извештај за Надзорен одбор;
4. Одобрување на работата на членовите на Надзорниот одбор и на членовите на Управниот одбор;
5. Разгледување на годишната сметка на Алкалоид АД Скопје за 2003 година и донесување на Одлука за усвојување на истата;
6. Донесување на Одлука за употреба на добивката по годишната сметка на Друштвото за 2003 година;
7. Донесување на Одлука за утврдување на посебни резерви;
8. Донесување на Одлука за купување на сопствени акции;
9. Донесување на Одлука за утврдување на датуми при исплата на дивиденда за 2003 година (дивиденден календар);
10. Именување на овластен ревизор за годишната сметка на друштвото за 2004 година;
11. Донесување на Одлука за доделување на годишна парична награда на членовите на Надзорниот одбор;
12. Усвојување на оставка од член во Управен одбор на Алкалоид АД Скопје.
На седницата одржана на 22.03.2004 година Управниот одбор на Алкалоид АД Скопје донел и Предлог-Одлука за утврдување на датуми при исплата на дивиденда за 2003 година (дивиденден календар). Во Предлог-Одлуката е утврдено следното:
• Нето дивидендата по акција изнесува 70,50 денари;
• Последен ден на тргување со право на дивиденда за 2003 година е 29.04.2004 година;
• Прв ден на тргување без право на дивиденда за 2003 година е 04.05.2004 година;
• Датум на евиденција за утврдување на право на дивиденда е 05.05.2004 година;
• Исплатата на дивиденда за 2003 година ќе се изврши на ден 19.05.2004 година.