Топлификација со нов договор за соработка
среда, 26 март 2003
Топлификација АД Скопје потпиша договор за соработка со француската компанија DALKIA.
Договорот за соработка има за цел да ја организира размената на информации во областа на топлификационите системи и гасно турбински постројки за комбинирано производство на топлинска и електрична енергија.
DALKIA е француска компанија, акционерско друштво во сопственост на Vivendi Environment и EDF, со годишен приход од 4 милијарди ЕВРА.
Основен бизнис на компанијата DALKIA е во областа на енергетски сервиси во урбана средина.Во склоп на тоа DALKIA оперира со 260 топлификациони системи и со 3000MW инсталиран капацитет за производство на електрична енергија во Европа.