Прекин на тргувањето со обврзниците за “старо девизно штедење“
среда, 26 март 2003
На 27 и 31 Март 2003 привремено се прекинува со тргувањето со обврзници РМ01 издадени од Република Македонија. Согласно Законот за начинот и постапката на исплатување на депонираните девизни влогови на граѓаните, по кои гарант е Република Македонија, (Службен весник на РМ бр.32/2000, 108/2000 и 04/2002) исплатата на третата рата и каматата на обврзниците издадени за исплатување на депонираните девизни влогови на граѓаните достасува на 01 Април 2003 година. Имајќи ги предвид Правилата за тргување на Македонската берза АД Скопје, според кои порамнувањето на трансакциите со обврзниците се врши во период од три дена од денот на склучувањето на трансакцијата, заради пресметка на каматата со состојбата 01.04.2003 година, привремено се прекинува тргувањето со обврзниците на РМ01 на 27 и 31 март 2003 година.