Котирана Трета емисија на обврзници за денационализација
четврток, 26 февруари 2004
Согласно Правилникот за котација на хартии од вредност на Македонската Берза АД Скопје, Одборот на директори на Македонската Берза на седницата одржана на 25.02.2004 година донесе Одлука за котација на Трета емисија на обврзници за денационализација издадени од Република Македонија на Официјалниот пазар на Македонската Берза.
Вкупниот износ на емисијата е 47.000.000 Евра, со камата од 2% годишно. Главнината и каматата се отплатуваат во 10 годишни рати , на 01.06, започнувајќи од 01.06.2005 година, а заклучно со 01.06.2014 година. Тргувањето на обврзниците на Македонската Берза ќе започне на 01.03.2004 година.