Продолжува суспензијата на котацијата на АДГ Маврово Скопје
среда, 26 декември 2007
На седницата одржана на 24.12.2007 година Одборот на директори на Македонската берза донесе одлука за продолжување на суспензијата од котација на акциите издадени од АДГ Маврово Скопје во период до 30 дена, почнувајќи од 28.12.2007 година (петок), кога и завршува првичната суспензија донесена со одлуката на Одборот на директори на седницата одржана на 27.11.2007. Во овој период мируваат сите релации помеѓу Македонската берза и АДГ Маврово врз основа на склучениот Договор за котација.
АДГ Маврово Скопје останува да котира на Официјалниот пазар на Берзата, имајќи го предвид фактот дека исклучувањето од котација во овој момент не би водело кон заштита на акционерите и инвеститорите.