Собрание на акционери на Алкалоид АД Скопје-25.12.2002 година
четврток, 26 декември 2002
Согласно Договорот за котација, Алкалоид АД Скопје од одржаното Собрание на акционери на ден 25.12.2002 година, известува за следното :
1.Се усвојува оставката поднесена од Благоја Захариевски и истиот се разрешува од функцијата Претседател на Собранието, а на негово место се избира Марија Малова од Скопје-акционер на Алкалоид АД Скопје.
2.Се усвојува оставката поднесена од Илија Аневски и истиот се разрешува од членување во Управниот одбор, сметано од 31.12.2002 година.
3.За ревизор на годишната пресметка на Алкалоид АД Скопје за 2002 година се именува ревизорската куќа ПРАЈСВОТЕРХАУС КУПЕРС ДОО Скопје.